![]() |
||
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
|||||||||
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Од дијаспора до различности Изложба Куратори: Јанка Вукмир и Мирослав Кариќ
Циклусот изложби во рамки на регионалниот проект Од Дијсапора до Различности има за цел, низ уметничката продукција и практика на авторите/авторките од различни генерации, да расветли некои од темите поврзани со феноменот на дијаспората во современи контексти. Промислувајќи го поимот надвор од доминантните етноцентрични и етнички дефиниции, во фокусот на истражувањата така се најде еден широк спектар на искуства на привремени и трајни изместувања од матичните средини, односно живеењето и/или работењето „некаде надвор”. Редефинирањето на терминот и концептот на дијаспората веќе некое време е во центарот на теориските дебати. Дискусиите се особено поттикнати од новите констелации на глобалните општествено-политички, технолошки, комуникациски текови и движења, од зголемената меѓународна мобилност или, да речеме, од од сè поприсутниот и поинтензивен културен номадизам во последните дваесетина години, развиван низ хиперпродукцијата на меѓународни настани и резиденции за уметници и културни работници ширум светот. Какви се искуствата во секојдневниот и професионалниот живот, кои се предизвиците во прилагодувањето и интеракцијата со специфичностите на другите/нематични средини се појдовните прашања во проектните истражувања на различните видови дијаспорска егзистенција и на поводите за миграциско придвижување на актерите на меѓународната уметничка и културна сцена со потекло од Западен Балкан. Трите досегашни изложби одржани во галеријата Ремонт (Белград) ги преставија трудовите на уметници кои со проблематиката на миграциските идентитети и изместеноста во новите домицилни окружувања се занимаваат од перспективата на поинакви животни околности, а исто така и низ дивергентни поетички и естетски концепции. Изложените трудови, во тематска смисла, во непосредното истражување на современите и/или историски социо-политички милјеа, тргнуваат од, условно кажано, блиските европски земји, и одат сè до далечните подрачја како Америка и Блискиот Исток. Фотографијата, видеото, предметите, уметничките книги, (психогеографските) карти, архивските и документарните материјали се само некои од медимите и авторските изрази низ кои уметниците настојуваат да ги пренесат своите искуства, доживувања и сооднесување со динамиките, менталитетот, идентитетските разноликости на градовите, државите, географските простори, општествените амбиенти во кои се наоѓаат привремено или трајно. Завршната изложба во Скопје претставува пет уметници и еден уметнички пар кои досега изложуваа/учествуваа во проектот и чии трудови во своите проблемски и тематски содржини отвораат широк спектар на прашања: за перцепцијата на „другиот” и „различниот”; за домот и припаѓањето; за социо-културната проблематика на интеграција и за имиграциските политики; за номадската егзистенција и патувањата како интроспекциски процес; за феноменот на времето во контекст на промените и поврзаноста меѓу различните општества и култури; за урбаниот пејсаж како културен и симболички конструкт; за влијанијата и ефектите на сликите и информациите на мас-медиумите врз секојдневието на современото општество... Уметници |
|||
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
|
![]() |
![]() |