|
Младен Бундало, Странец – второ поглавје Монс, инсталација/мешан медиум, 2016 година.
Како „туѓ субјект” со мене се постапуваше со големо интересирање од страна на административните апарати на привилегираните, развиени демократски земји во кои патував и живеев. Бидејќи бев побарал повеќе од дваесет визи и една дозвoла за престој во период од пет години и бев присилен на поминам низ разни понижувачки процедури за да добијам дозвола да стапам во брак во Франција, се обидов да разберам „за што се работи тука”? Можев, се разбира, да се преправам дека ми е сè јасно, но во основа немам никаква претстава зошто е така! Обидувајќи се да го сфатам таквото постапување со мене низ призмата на меѓународните односи, безбедносните процедури, економијата, културата, наследството... многу брзо дојдов до следната претпоставка: актуелната миграциска политика е убаво и разумно спакувано лицемерие како последица на одржувањето на тесните и за нас апстрактни интереси на владеачките естаблишменти во тие земји. Понекогаш се прашував, а што ако тие се во право? Што ако мигрантите се навистина нешто повеќе од една алегориска репрезентација на војната, сиромаштвото и страдањата. Можеби тие навистина внесуваат хаос во редот и претставуваат голема опасност за развиените демократски земји. Знаејќи дека увидот во нечиј внатрешен монолог е крајниот фетиш на секое добро организирано и безбедно општество (види ги книгите/филмовите Малцинскиот Извештај и Илјада деветстотини осумдесет и четврта), почнав да ги изнесувам сопствените мисли во нагледе обични околности, барајќи аномалии, нешто опасно и нечовечко. „Странски граѓанин” е фото-есеј кој ги открива внатрешните монолози на новодојдениот мигрант. Создадено е во 2013 година, набргу по моето преминување од Франција во Белгија и делото е претставено во облик на просторна композиција од 28 фактографски кадри проследени со текст за на тој начин да се изгради амблематски (слика+текст) исечок од моите секојдневни дилеми, стравови и надежи.
Младен Бундало (1986, Приедор) работи како концептуален и видео уметник. Во своите дела тој начесто се занимава со прашањата на емоционалните и општествените импликации на положбата на мигрант. Учествувал на преку 80 меѓународни изложби, разговори, фестивали, како и во многу резиденцијални програми за уметници. Ко-автор е на книгата „(Р) еволуција на излагачките модели” - студија за влијанието на Интернет технологијата врз актуелниот дискурс во уметноста и културата, а курирал и дванаесет меѓународни уметнички проекти. Добитник е на неколку награди во областа на современата уметност.
|
|