Esperanzalogo1600px
item1b1a1 item1b1a1a item1c item1h2 item1h1b item1h1a2 item1h1a1a item1b1f1a1a1a2
NadaPrlja

Нада Прља, Проект Лоши Вести/ Не-комерцијална агенција
Инсталација, 240 страници дизајниран весник, секој весник со димензии 41х31см, во офсет со црна боја

Сопственост на уметникот и културниот центар Точка

Инсталација на слика како што беше изложена во Футура, центар за современа уметност, Прага, 2013

Проектот Лоши Вести е проект кој концептуално ја преиспитува содржината на информациите што весниците ѝ ги нудат секојдневно на јавноста. Изложениот весник е дизајниран и испечатен од уметникот како интерпретација на информациите објавени во еден ден во лондонскиот весник Метро кој се дистрибуира бесплатно во лондонското метро. Површината со црна боја во весникот на уметникот го разгледува прашањето на комерцијализацијата на весниците така што ги исцрнува само рекламите објавени во тоа дневно издание на оригиналниот весник.

 

Нада Прља е родена во Сараево, Босна и Херцеговина, се преселила во Скопје кога имала 11 години. Од 1998 година живеела и работела во Лондон, а во 2013 година се враќа во Скопје. Прља магистрирала на Кралскиот Уметнички Колеџ во Лондон, а претходно и на Академијата за Ликовни Уметности во Скопје. Прља е уметник чиишто дела се зафаќаат со сложените ситуации на нееднаквост и неправда во општествата, опфаќајќи и политички и економски прашања. Главно изработува инсталации, видео инсталации и уметнички проекти во живо и во јавноста. Повремено работи во јавната сфера и нејзини понови јавни интервенции се оние изработени за ETC Грац во 2016 година, Уметничката Лабораторија на Тирана во 2016 година, за Седмото Биенале во Берлин во 2012 година, ORFFUNKHAUS во Виена во 2009 година, за Marble Arch Gate во Лондон во 2007 година и други.