Esperanzalogo1600px
item1b1a1 item1b1a1a item1c item1h2 item1h1b item1h1a2 item1h1a1a item1b1f1a1a1a2
RajkoRadovanovic

Рајко Радовановиќ, Хрватски плуг врз американски хоризонт, фотографија, 2014 година

Хрватите се присутни во Новиот Свет од 18 век и Њу Орлеанс бил голем центар за хрватските емигранти во текот на раниот 19 век. Денес, поширокиот округ на Њу Орлеанс претставува дом на неколку илјади луѓе со хрватско потекло. Ловот на остриги и одгледувањето портокали биле нивни традиционални занимања. Тие ја напуштиле својата неплодна земја, своите куќи, нивната стока и плугови и заминале во Новиот Свет.

За разлика од нив јас го донесов мојот плуг со себе во Њу Орлеанс, Им припаѓаше на родителите на мајка ми, Стјепан Краљ (3/12/1884 – 26/02/1967) и Љубица Краљ, родена Строк (3/11/1887 – 28/10/1974), од селото Габер во Хрватско Загорје во денешна Република Хрватска. Земјата од нивното село се’ уште беше на плугот кога го испратив во САД со брод во 2013 година. Тој им давал издршка на три генерации на моето семејство и затоа е непосредно поврзан и со моето постоење.

Трите рачки покажуваат дека се работи за „прилагодлив” плуг со двa ралници и две острици поставени со грб едни на други, едниот завртен вдесно, а другиот влево. Додека едниот ралник ја сече земјата, другиот е во воздух. Ова е особено погодно за ридестиот терен на Хрватско Загорје. Орачот ги користи средната и левата рачка за да се движи во еден правец, а средната и десната рачка за да се врати назад, обработувајќи го полето непрекинато. На крајот од секој ред, орачот го завртува плугот и воловите или коњите за да може да се искористи другиот ралник. Така се редат бразда по бразда без никаков прекин. Неприлагодливиот плуг може да ја превртува земјата само на еден начин и оттука, со него земјата би можела да се обработува само во круг.

Фотографијата на плугот е направена на брегот на реката Мисисипи со градот Њу Орлеанс во позадината на 11 Октомври 2014 година со техничка поддршка од Кеш Шрајфер.

РАЈКО РАДОВАНОВИЌ

Рајко Радовановиќ (1954, Валево). Ги посетувал Школата за применето уметности во Загреб и Универзитетот во Брајтон, Велика Британија (отсек за алтернативна уметничка пракса). Живеел и работел на својата уметност во Загреб, Брајтон, Манчестер, Лондон и Истра. Во моментов го прави тоа истото во Њу Орлеанс. Изложувал на повеќе од 200 изложби во Европа и во Соединетите Американски Држави. Употребаува различни медиуми како фотографијата, видеото, перформансот, сликарството и инсталациии. Не поднесува уметничко ситничарење и лажен патриотизам.