Esperanzalogo1600px
item1b1a1 item1b1a1a item1c item1h2 item1h1b item1h1a2 item1h1a1a item1b1f1a1a1a2
IvanaIvkovic

Ивана Ивковиќ, КАКО ДА НЕМА УТРЕ, инсталација, 2016 година

Пораката LIKE THERE IS NO TOMORROW/КАКО ДА НЕМА УТРЕ (во облик на билборд) за прв пат ја искористив во истоимената site specific инсталација, поставена на покривот на бензинска пумпа во квартот Гемајза во Бејрут. Делото претставуваше мој коментар за градот и неговата слоевитост и моја лична фасцинираност со него. Сликата со натпис на билбордот со својот изглед упатуваше на есететиката на шпиците на старите холивудски филмови, сугерирајќи дистанцираност во набљудувањето. Чувствувајќи дека се наоѓам во замка на чувствителни историски, политички и социјални тензии, таа дистанцираност, во ист манир како да гледам филм, се покажа како единствен искрен начин да го прифатам и да го доживеам градот. По искуството од Бејрут пораката КАКО ДА НЕМА УТРЕ продолжив да ја користам како дел и наслов на различни поставки кои се занимаваат со тематиката на интимното доживување на светот. Инсталацијата ја сочинуваат истата слика и натпис, овој пат во облик на параван-завеса, заедно со цртежи кои стојат зад неа (а кои настанувале во периодот од 2008 година до денес). Делото сведочи за сопствениот стил на живот, за континуитетот на одредени теми и недоумици. Атмосферата на сликата којашто потстетува на филмска шпица овој пат е задржана како иронично отстапување во согледувањето на сопствениот живот. Последните десет години мојот живот е од „номадски” тип, зашто честите патувања заради резиденцијални престои, изложби и различни проекти тоа го условија. За мене стана многу важен фактот што мојата уметничка практика е во спрега со патувањата и со честото менување на местата на престој. Мојата работа е еклектична, што пак ги објаснува честите контрасти и контекстите кои го составуваат несоставливото, историски и географски оддалечени култури, спротиставени емоции и чувства.

 

Ивана Ивковиќ (1979, Белград) дипломирала сликарство и магистрирала на цртеж на Факултетот за ликовни уметности во Белград. Два пати била финалист на наградата на Политика за најуспешна изложба во 2007 и 2010 година. Добитник е на стипендијата KulturKontakt од Виена (Австрија) во 2008 година, на организацијата Residency Unlimited од Њујорк (САД) во 2012 година, на стипендијата Casa dell Arte во Бодрум (Турција) во 2013 година, како и на стипендијата на градот Линц (Австрија) во 2014. Нејзини дела се наоѓаат во колекцијата на современа српска уметност на Теленор, во колекцијата на музејот на град Белград, како и во неколку значајни приватни колекции во Њујорк, Базел и Лисабон.