Esperanzalogo1600px
item1b1a1 item1b1a1a item1c item1h2 item1h1b item1h1a2 item1h1a1a item1b1f1a1a1a2
NeliRuzic

Нели Ружиќ, Плоча (две планини), видео SD, стерео, 6:26, 2016 година

 

Во моите дела го истражувам личното и колективното сеќавање и заборав во однос на транзициските идентитети. Користам различни медиуми како фотографија, предмети, инсталации и видеоинсталации, а често правам и процесуални дела во тек на подолги временски периоди. Некои од делата се замислени како временски машини, а проблемот на времето, хетерохронијата и меморијата се провлекува низ сите нив. Искуството на миграцијата, како и географските, историските и личните дисконтинуитети се одразуваат во моите дела на повеќе начини: од отсутност до повторување, трагови и нови испишувања (палимпсест) до трансформации. Се преклопуваат општественото и емоционалното, утопиите од минатото и личните микроутопии, историјата и пејсажот, постмеморијата и современоста. Во делата за изложбата на проектот „From Diaspora to Diversities“ ги поврзувам различните временски периоди и места. Видеото Плоча (две планини) го бележи сеќавањето на татко ми за исчезнувањето на неговиот брат во септември 1943 година на Мосор, а видеото Бандера е реакција на исчезнувањето на 43 студенти во Игуала, Гвереро во Мексико на 26 септември 2014 година. Секое утро се менува легендата под делото, односно бројот на ноќите кои поминале од исчезнувањето н астудентите.

 

Нели Ружиќ (1966, Сплит) дипломирала сликарство на Факултетот за применети уметности во Белград (1990), а постдипломските студии ги завршила на Facultad de Artes, UAEM, Мексико (2013). Активно учествува на хрватската уметничка сцена до крајот на деведесеттите години од дваесеттиот век кога заминува во Мексико. Од 2013 година предава како професорка на ENPEG La Esmeralda, Мексико Сити (-2012.); UAEM Cuernavaca, Estado de Morelos (-2007). Во рамки на Tránsitos, Diplomado en Investigación, Experimentación y Producción Artística Transdisciplinaria, Centro Nacional de las Artes CENART, Мексико Сити, ги координирала трансдициплинарните работилници (2008-2011). Добитничка е на втората награда T-HT nagrada@msu.hr, на Музејот на современа уметност во Загреб (2016); на стипендијата Conacyt, Мексико (2012-2013); на стипендијата ArtsLink (1996) за резиденција во Headlands Center for the Arts во Сосалито, САД, како и на наградата на Биеналето на млади на Медитеранот и на Модерната Галерија во Риека (1993). Се враќа во Хрватска во 2012 година, каде што по една година почнува да предава во Школата за ликовни уметности во Сплит и ја води Галеријата Школа.