Esperanzalogo1600px
item1b1a1 item1b1a1a item1c item1h2 item1h1b item1h1a2 item1h1a1a item1b1f1a1a1a2
LidijaDimkovskaphoto

Да се пишува за дијаспората и да се живее во различности

Лидија Димковска

Самостоен писател, поет, преведувач и есеист

lidija.dimkovska@guest.arnes.si

 

Ми се допаѓа зборот диверзитет, но со зборот дијаспора сè уште си имам маки: за мене тој претставува синоним за фолклор, патетичност, гето. Иако живеам надвор од мојата родна земја повеќе од дваесет години, никогаш не сум се почувствувала како дел од македонската дијаспора. Малкуте мои обиди да ѝ се доближам на македонската дијаспора, прво во Романија, а потоа во Словенија, беа вистинско фијaско. Во текот на сиве овие години, сфатив дека, општо земено, уметниците и интелектуалците кои не зависат од признавањето, интересите, припадностите, активностите и помошта на дијаспората, навистина не мораат ни да ѝ припаѓаат. Сакам да живеам во различности, моето емигрирање првично се случи поради космополитската желба да се биде некаде на друго место, да се почувствува светот како свој дом. Парадоксално, значењето на домот стана многу релативно, како и претставите за идентитетот, јазикот, татковината, националноста и слично. Темите на на миграцијата, дијаспората, номадизмот, сеќавањата и слично станаа теми на мојата книжевност и интерес на мојот живот: во сите мои романи и во многу од моите песни се обидувам да најдам одговори на на прашањето на Другиот, Другоста, миграцијата, мобилноста, номадскиот начин на живот и слично. Моето сопствено искуство на е/и/мигрант и номад влијае врз моето пишување, но исто така и моето пишување влијае врз мојот е/и/мигрантски номадски начин на живот.

·Клучни зборови: различност, дијаспора, Другост, идентитет, татковина

 

Д-р Лидија Димковска (1971, Скопје) завршила општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а постдипломски студии по романска книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт, Романија, каде што работела како лектор по македонски јазик и книжевност. Сега живее во Љубљана, Словенија. Преведува романска и словенечка литература на македонски јазик. Досега објавила шест поетски збирки. Нејзините поетски збирки се препеани на англиски, германски, словенечки, романски и полски јазик, а песните ѝ се застапени во светската периодика на повеќе од дваесетина јазици. За својата поезија ја добила германската награда „Хуберт Бурда“, романските награди за литература „Поесис“ и „Тудор Аргези“, а била номинирана и за германската награда „Берлински мост“, за американската „Најдобра препеана книга“ и за полската „Европски поет на слободата“. Оваа година ја доби европската награда за поезија „Петру Крду“. Ги објавила романите: „Скриена камера“ 2004, награда „Стале Попов“ на ДПМ, „Резервен живот“ 2012, награда „Стале Попов“ на ДПМ и Награда за книжевност на Европската унија и „Но-Уи“ (2016). Нејзините романи се објавени на повеќе светски јазици. Составувач е на три антологии меѓу кои и една на малцинската и имигрантската книжевност во Словенија „Од јазик на јазик“. Учествувала на бројни меѓународни книжевни средби и читања и престојувала на многу книжевни резиденции низ светот.