Esperanzalogo1600px
item1b1a1 item1b1a1a item1c item1h2 item1h1b item1h1a2 item1h1a1a item1b1f1a1a1a2
image001

Конференција „Културата меѓу параграфите“, Мастрихт

 

Есперанца-Светски културен центар учествуваше на меѓународната конференција „Културата меѓу параграфите“ која се одржа во Мастрихт, Холандија од 20 до 22 април. Конференцијата се одржа во рамките на одбележувањето на дваесет и петгодишнината од Договорот во Мастрихт.

Организатор на конференцијата беше европската мрежа на менаџери во културата Оракл со седиште во Брисел. Културната мрежа Оракл обединува преку 500 културни работници и менаџери од цела Европа и европското соседство. Фокус на мрежата е меѓународната соработка и критичкото преиспитување на културните политики.

Договорот во Мастрихт има историско значење за културната политика на европско ниво, затоа што на вредноста и значењето на културата за првпат ѝ беше посветен посебен член. Фамозниот член 128 (подоцна 151) послужи како правна основа за сите подоцнежни интервенции на Европската унија во културата, вклучително и создавањето на специјалните програми за финансиска поддршка на културата.

Роберт Алаѓозовски учествуваше во панелот посветен на надворешните културни врски на Унијата, регионалните перспективи, новите заедници и идентитети во културата.

Културата поседува моќ и за обединување и за поделба долго пред Европа да ги направи првите чекори кон создавањето на Европската унија. Нејзиното значење беше препознаено во Договорот од Мастрихт кој го призна потенцијалот на културата да го зајакне европскиот идентитет, да го промовира заедничкото наследство, притоа заштитувајќи ја различноста на европските култури. Од 1992 година, многу работи се променија и во европската реалноста и во културните стратегии на ЕУ. Додека интеграцијата започна оптимистички, со економскиот развој и воведување на еврото, новата солидарност веднаш се најде под притисок на серија економски, идеолошки и политички кризи. "Генерацијата Мастрихт" - младите луѓе родени во 1992 година ги користат програмата Еразмус и Рајанер Ryanair, но се соочуваат и со политиките на штедење и огромна невработеност кај младите.

Креаторите на културните политики се чини дека следат еден вознемирувачки тренд: од култура што има симболична вредност поттикнувајќи ја интеграцијата и европското граѓанство во култура претворена во сектор вклучена во обезбедувањето раст на стратегијата 2020 на Унијата. Уметниците и културните работници треба да придонесат за развојот на "паметна, одржлива и инклузивна економија".

Уште кога ЕУ започна со формулирање на својата културна политика, поддршката за еманципаторските и социо-критичките практики се намалува. Сепак, културната соработка во Европа денес е попотребна од кога било. Миграциите и бегалската криза, засилувањето на границите и Брексит нагласуваат дека обединета Европа е работа во тек и бара културните професионалци да дејствуваат смело, промовирајќи ја културата како сила во европската политика, која има потенцијал да ги зајакне вредностите на човековото достоинство, слободата, еднаквоста и да ги помогне европските интеграции.

image005 image009
image007
image013
image003