Esperanzalogo1600px
item1b1a1 item1b1a1a item1c item1h2 item1h1b item1h1a2 item1h1a1a item1b1f1a1a1a2
esperanzaevaluacija1

Есперанца-Светскиот културен центар на евалуациски состанок на Германско-француската канцеларија за млади, за соработка со Југоисточна Европа, Берлин, 30 ноември - 02 декември 2009

Есперанца-Светскиот културен центар на евалуациски состанок на Германско-француската канцеларија за млади, за соработка со Југоисточна Европа, Берлин, 30 ноември - 02 декември 2009

Германско-француската канцеларија за млади, ја покани Есперанца-Светскиот културен центар на евалуациски состанок за соработка со Југоисточна Европа. Роберт Алаѓозовски од Есперанца учествуваше на средбата.

Германско-француската канцеларија за млади, годинава прославува десетгодишен јубилеј на иницијативата за соработка со Југоисточна Европа. Од почетокот на иницијативата беа имплементирани многу проекти со партнери од Франција, Германија и Југоисточна Европа: Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска. Некои партнерства згаснаа, некои се одвиваат со години, а се создаваат и нови со цел програмата да се отвори за нови организации.

Германско-француската канцеларија за млади го поддржува овој процес на два начини, финансиски и педагошки, преку тренинг циклус во 2002-2003 (Берлин, Дубровник, Сет), евалуациски состанок во 2003 (Берлин), тематски тренинзи во 2004 (Саверн) и во 2006 (Блосин, Сараево), како и преку набљудување на проектите и вмрежувањето меѓу партнерите.

Овој евалуациски состанок овозможи да се промислат резултатите од активностите на Германско-француската канцеларија за млади, да се измерат долгорочните ефекти од работатана Германско-француската канцеларија за млади, да се развијат нови насоки и да се отвори иницијативата за нови партнери. Голем дел од состанокот беше посветен на размената на искуства меѓу партнерите, но и на индивидуална работа за проценка на влијанието на проектите меѓу Франција, Германија и Југоисточна Европа. По презентацијата на резултатите од евалуацијата следеше саем на партнери со цел да се воспостават нови партнерства и да се отпочнат нови проекти.

esperanzaevaluacija2