![]() |
||
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
|||||||||
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Вклученоста и исклученоста од страна на уметностите
Д-р Моника Мокре Институт за културолошки студии и театарска историја, Австриска Академија на Науките Monika.mokre@oeaw.ac.at
Во изминатите неколку години беа развиени специјални облици на финансиска поддршка за уметничките проекти на луѓе „со мигрантско потекло”, а кои во поново време се сосредоточија на бегалците и азилантите. На овој начин, уметностите можат да им ја отворат јавната сфера на луѓе кои не се дел од официјалниот дискурс, а кои честопати немаат ни политички права. Истовремено, овие уметнички проекти можат да се согледаат како недоволни, или дури проблематични сами по себе. Како прво, овие проекти често пати се случуваат на маргините на областа на уметноста, што значи и на маргините на мејнстрим дискурсот, и оттука, од една страна создаваат нов облик на исклученост, а од друга, се ограничуваат себеси на „проповедање на веќе преобратените”. А како второ, се поставува прашањето кој има корист од овие проекти, како финансиски, така и од гледна точка на зголемувањето на културниот капитал. Бидејќи е невозможно да се даде општа проценка за функционалноста на уметничките проекти со и за мигранти и бегалци, трудот ќе ги илустрира своите теориски размислувања така што ќе расправа за конкретни проекти. Клучни зборови: уметност на мигрантите, вклученост, исклученост, културен капитал, јавен простор
Моника Мокре Моника Мокре е политолог чијашто главна истражувачка цел се културните и идентитетските политики, европската демократија и јавната сфера, азилантската и и миграциската политика, како и родовите политики. Таа е исто така политички активист ангажиран околу проблемите на азилантството и миграцијата. Последна книга: SolidaritätalsÜbersetzung. Überlegungenzum Refugee Protest Camp Vienna. Vienna: transversal 2015 (http://transversal.at/books/solidaritaetalsuebersetzung) |
|||
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
|
![]() |
![]() |