![]() |
||
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
|||||||||
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
||
![]() |
![]() |
![]() |
Поздрав од другата страна. Европа, миграцијата и царевото ново руво Марко Стаменковиќ Независен истражувач/Куратор marko.stamenkovic@live.com
Човештвото на почетокот на дваесет и првиот век разви специјален однос кон „сликите со лош квалитет” (селфито на пример): можноста да се претворите себеси во спектакл, веднаш и со сопствена рака. Овој труд е за луѓето свесни за оваа можност. Тоа се разновидни луѓе: помлади и постари, возрасни и тинејџери, богати и сиромашни, вработени и невработени, муслимани и не-муслимани; но исто така и самци и помалку осамени, добро облечени „татенца” и голи (или полуголи) типчиња, „нормални” момци и оние кои можеби воопшто не се нормални (или помалку нормални отколку што изгледаат). Тие сите заедно се ставени во една лична приказна што се врти околу средишното прашање: што може сликата на машкото тело да ни каже за таканаречената европска бегалска криза денес? И додека се сосредоточува превенствено на претставите за машкоста, интимноста и сексуалноста, овој труд претпоставува дека машките-тела-во-движење постигнуваат особена врска со светот на сликите: не само во смисла на нивната способност да комуницираат со снимањето слики, туку повеќе во смисла на нивната можност да се поврзуваат меѓусебно така што ќе направат спектакл од себеси. Да се движиш, оттука, подразбира да го замислуваш светот во сликата на себеси како изложен на другиот. Да размислуваш за искуството на движењето поврзано со она што обично се однесува на претставата за „миграцијата” е само начин на воспоставување на визуелна врска со целотo човештво – или, како што посочува овој труд, со самата претстава за човештвото во движење. Клучни зборови: Слики, машкост, сексуалност, тела-во-движење, европска бегалска криза
Марко Стаменковиќ Марко Стаменковиќ (1977) е историчар на уметноста кој е роден и живее на југот од Србија. Докторирал филозофија на Универзитетот во Гент во Белгија со тезата Култури на самоубиство: теории и практики на радикалното повлекување. Во текот на последната деценија тој главно работи на полето на современата уметност како куратор, критичар и предавач сосредоточен на пресекувањето меѓу визуелното мислење и општествените теории, политичките филозофии и културните практики на исклучените и угнетените. https://ugent.academia.edu/MarkoStamenkovic/ |
||
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
|
![]() |
![]() |