Esperanzalogo1600px
item1b1a1 item1b1a1a item1c item1h2 item1h1b item1h1a2 item1h1a1a item1b1f1a1a1a2
arianlekaphotoautorrolandtasho

Ние, нашиот народ, но и нашата чорба

Аријан Лека,

професор на Универзитетот во Тирана,

arianleka@ymail.com

 

Избегнувајќи ги „надворешните дијаспори“ на оние што живеат надвор од територијата на земја како Албанија, овој труд се зaнимава со „внатрешните дијаспори“, со малцинствата на оние поинаквите од нас – на оние што ги создаваат нерамнините на општествената и културната мапа, овозможувајќи разновидност и станувајќи дел од културата на земјата.

Текстот ги зема предвид, не оние кои си заминале од кај нас – емигрантите кои се преобразуваат и стануваат дијаспора – туку оние кои дошле, да живеат меѓу нас, оние со кои го делиме животот кој сè уште го живееме заедно.

Неговите цел и фокус го истакнуваат постоењето на заедници, етнички малцинства и домашно настанати групи во рамките на една нација. А неговата позадина расправа за овие малцинства како за диверзитет од една страна и како за збогатување од друга, што не може едноставно да се опише само како мултикултурализам.

При одлучувањето за тоа кому му припаѓа туѓинецот меѓу нас, ние прво треба да си одговориме дали туѓинците се „наши туѓинци“, а не „наши отпадници“.

Како пример не ги наведуваме случаите на Албанците – албанската дијаспора Arbëresh·во Калабрија или „автохтоното малцинство“ Албанци – Арбанаси во Зара, Хрватска, туку случајот на Македонците, Бошњаците, Египќаните и Ромите кај нас.

Статијава се обидува да даде одговор на прашањата за квалитетот и квантитетот на просторот што и го дозволуваме на дијаспорите на другите, на „нашите туѓинци“ врз кои неретко ја применуваме играта на зборови на Дерида, што се врти меѓу двата глаголи „to differ” and „to defer“ во однос на оној кој живее заеднички живо со нас.

Клучни зборови: внатрешна дијаспора, малцинства, мултикултурализам, различност,

 

Аријан Лека

Аријан Лека (1966) е професор на Универзитетот во Тирана. Неколку пати бил покануван како гостувачки порфесор или писател на повеќе други универзитети како Hong Kong Baptist University (2008) и Универзитетот во Шандонг (2008) во Кина, Универзитетот во Сараево ((2011), Universitatea Romana de Stiinte si Arte Gheorghe Cristea (2014), Универзитетот во Грац, на катедрата за етнологија (2014) и Универзитетот во Салцбург (2015). Тој е автoр на 16 книги, преведени на десетина јазици. Аријан Лека е добитник на неколку книжевни награди. Основач е на меѓународниот книжевен фестивал ПОЕТЕКА и е уредник на Poeteka Review– EUROZINE. Член е на Албанскиот Комитет (Committee Albanais) на Европската драма. Исто така преведува италијанска современа поезија. Со години ја објавува двонеделната колумна Каменот на мудроста на страниците на списанијата Milosao, Shqip и Mapo.