Esperanzalogo1600px
item1b1a1 item1b1a1a item1c item1h2 item1h1b item1h1a2 item1h1a1a item1b1f1a1a1a2
alazarphoto

Д-р Александра Лазар

Слободнa уметницa и историчарka на уметноста, извршнa членka на Здружението на уметници на Англија, Лондон

alexandra.lazar101@gmail.com

 

По Брегзит, додека Тереза Меј ја подготвува Британија да ја напушти Европската Унија, на конференцијата на Конзервативната парија во октомври 2016 година, таа ќе изјави: „ако верувате дека сте граѓанин на светот, вие не сте граѓанин никаде”. Знаеме дека таквиот став е само циничен маневар за да не се дозволат политики кои вистински би се справувале со прашањата на сиромаштијата, невработнеоста, недостатокот од домување и миграцијата; но што би можеле да сториме со ова сознание? Како, ако воопшто, уметничките модели, по настаните во паркот Гези, можат да влијаат врз тековната политика? Дали уметноста е за задоволство, за изразување протест или за остварување профит и што значат сите овие категории денес? Можеме ли да си дозволиме културен дискурс кој би ја пренебрегнал затврденоста на проблемот врз основа на појдовната точка дека сепак е „доволно добро”? Дали здруженијата на уметниците можат да се зафатат со некои од овие прашања, вклучувајќи го тука и подигнувањето на свеста и солидарноста? Што е тоа Добар Мигрант? Овој труд ќе понуди неколку примери на тековните културни практики во Британија и ќе ја разгледа положбата на уметникот-мигрант од моја сопствена перспектива, потпирајќи се и на примерите како мeкиот Брегзит наспроти неолибералните артивистичките здруженија, работата на AUE и други.

Клучни зборови:

Брегзит, миграција, артивизам, глобален капитализам, прекарност, протест

 

Александра Лазар

Александра Лазар е британско-српска уметница, писателка и историчарка на уметноста. Пишува за теквните уметнички проблеми, вклучувајќи ги тука миграцијата, културната меморија, практиките на отпор и ставовите во културата. Нејзината уметност ги истражува слободата, перцепцијата, јазикот, метаморфозата и сеќавањето. Александра живее во Лондон и е редовна дописничка на Политика и Супервизуелна, како и консултант за уметноста што доаѓа од Балканот и членка на извршниот комитет на Здружението на уметниците на Англија.

www.alexandralazar.com