|
Промоција на публикација „Дијаспора до различности“
На 26 јуни во Кино Култура беше промовирана публикацијата на проектот „Од дијаспора до различности“ придружена со разговор на тема: Значењето на поимот дијаспора во контекст на современата култура и уметност. Публикацијата беше промовирана од Здружението на граѓани Есперанца – Светски културен центар, во соработка со Ремонт, независна уметничка асоцијација од Белград, Kunst Ost од Грац, и културната мрежа Oracle. Со овој настан меѓународниот проект „Од дијаспора до различности“ влезе во својата завршна фаза.
Проектот „Од дијаспора до различности“ е реализиран во текот на 2015-2017 година во Белград, Загреб, Грац, Скопје, Казабланка и Мастрихт во различни формати како изложби, работилници, конференција, дискусии и презентации. Основната идеја на проектот е преиспитување на значењето на поимот дијаспора на подрачјето на Западен Балкан, првенствено во полето на современата култура, промена на амбиентот и начинот на живот во контекст на се' поголемата мобилност, глобализација и културен номадизам.
Публикацијата содржи преглед на активностите на проектот низ описи и документација на работилниците, изложбите, но и на авторските текстови на повеќето теоретичари, практичари со своите различни пристапи на оваа тема.
На разговорот во Кино Култура учествуваа учесници и партнери на проектот, авторите на текстот и уредниците на публикацијата:
Дарка Радосављевиќ и Мирослав Кариќ (Remont – Белград)
Мирјана Пеитлер - Селаков (KunstOst - Грац)
Роберт Алаѓозовски (Министер за култура),
Елизабета Шелева (Професорка на одделот за компаративна книжевност)
Јане Чаловски (независен уметни и ко-основач на Press To Exit)
Некои од прашањата кои беа отворени беа: Што значи денес поимот дијаспора? Како и дали се менуваат поетиките и личните ставови кога ќе се пресретнат со различни култури и искуства? Кои се предизвиците? Како да се балансира помеѓу таму и овде?
Есперанца - Светски културен центар во проектот „Од дијаспора до различности“ учествуваше преку организирање на три работилници на Анастас Вангели, Владимир Пиштало и Ирина Карамарковиќ. Потоа Скопје беше домаќин на голема конференција со учество на Моника Мокре, Алексадра Лазар, Лидија Димковска, Елизабета Шелева, Мелентие Пандиловски, Јане Чаловски, Сабина Гузиќ, Ивајло Дичев, Ирена Бекиќ и Дуга Мавринац, Ариан Лека, Драгослав Дедовиќ, Лилјана Симиќ Деру, Марко Стаменковиќ кои имаа свои презентации со различен пристап на темата. Паралелно со конференцијата се случи и изложба која jа курираше Мирослав Кариќ (СРБ) заедно со Јанка Вукмир (ХР) на која земаа учество шест уметници и тоа: Младен Бундало, дуетот диСТРУКТУРА, Ивана Ивковиќ, Нада Прља, Рајко Радовановиќ и Нели Ружиќ.
Објавената публикација која се фокусира на темата на дијаспорична уметност и менаџмент на културен диверзитет се состои од испратените текстови и презентации, истражувачки трудови во форма на академски текстови, документација на уметничките проекти, осврти или критички текстови како и документацијата на изложбите и проектите за време на двегодишниот проект.
Целта е да се претстави дијаспората како посредник помеѓу различните општества, а мигрантите како носители на хибридни идентитети. Иницирањето промени во разбирањето на дијаспората во современиот контекст на номадски културни практики ќе придонесе кон градење на отворен, разнолик и интегриран европски културен простор и општество.
Учесниците во проектот застапени во публикацијата се: Тања Остојиќ, Драган Протиќ (Шкарт), Урсула Кислинг, Анастас Вангели, Нада Прља, Лилјана Деру Симиќ, Марко Лулиќ, Владимир Пиштало, Игор Петковиќ, Ирина Карамарковиќ, Јохана Маркаде Мот, Милан Мијалковиќ, Моника Мокре, Александра Лазар, Лидија Димковска, Елизабета Шелева, Мелентие Пандиловски, Јане Чаловски, Сабина Гузиќ, Ивајло Дичев, Ирена Бекиќ, Дуга Мавринац, Ариан Лека, Драгослав Дедовиќ, Марко Стаменковиќ, Младен Бундало, диСТРУКТУРА, Андријана Гвозденовиќ, Ивана Ивковиќ, Jamesdin, Верица Ковачевска, Хана Милетиќ, Мирко Николиќ, Рајко Радовановиќ, Вахида Рамујкиќ, Нермин Дураковиќ, Нели Ружиќ, Мирјана Боба Стојадиновиќ, Јанка Вукмир и Мирослав Кариќ.
Проектот „Од дијаспора го различност“ го поддржаа: Balkan Arts and Culture Fund (BAC), BAC е поддржан од Владата на Швајцарија преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), European Cultural Foundation (ECF), Civil society Civika Mobilitas, Регионалната платформа за култура „Кооператива“, Министерството за култура и информирање на Република Србија и Das Land Steiermark - Wirtschaft, Europa und Kultur.
|
|