Esperanzalogo1600px
item1b1a1 item1b1a1a item1c item1h2 item1h1b item1h1a2 item1h1a1a item1b1f1a1a1a2
image001

Демократскиот говор на Милан Мијалковиќ

 

На 26 април 2017 година, познатиот уметник, архитект и автор Милан Мијалковиќ одржа говор пред публиката во академијата во Грац. Неговото интерпретативно дело беше дел од низата интерактивни работилници со предавања кои учествуваа во проектот Од дијаспора до различности, а неговиот перформанс наречен Демократски говор беше налик на судење во кое уметникот ја играше главната улога.

 

За проектот „Од дијаспора до различности“

Проектот „Од дијаспора до различности“ го реализира ЗГ Есперанца-Светски културен центар во соработка со Ремонт-независна уметничка асоцијација од Белград, Кунст Ост од Грац и европската мрежа на менаџери во културата Оракл од Брисел.

Проектот се занимава со редефинирање на поимот дијаспора во поширокиот современ контекст на глобализацијата, мобилноста, културниот номадизам и другите видови искуства на привремени и трајни изместувања од т.н. матични средини. Исто така, го истражува и значењето на културните разлики како и проблемите на интеграција во новите општествени околности. Во рамките на овој проект се одржаа десет еднодневни работилници, неколку изложби и конференција во Скопје, Белград, Грац, Казабланка, Хаг. Нив ќе ги водат, односно ќе учествуваат уметници, теоретичари, истражувачи, активисти и менаџери на културата кои во своите портфолија се занимаваат со темите на дијаспора, миграции, номадизам, а и самите имаат искуство на прилагодување на нови општествени опкружувања.

Проектот се реализира со поддршка на Балканскиот фонд за уметност и култура и од програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика Мобилитас. Балканскиот фонд за уметност и култура се финансира преку Швајцарската агенција за развој и соработка и од Европската културна фондација.

 

За предавањето на Мијалковиќ

Милан Мијалковиќ е уметник кој создава простор без граници во специфичен медиум: „Енергичен исказ, себе-жртвување или дури лоша фотографија може да произведе многу повеќе простор отколку тонови бетон.“

Роден во Скопје во 1982 година, а студирал архитектура во Скопје и Виена. Тој постојано ги локализира вжештените или латентните конфликти кои се специфично сместени и работи со нив на продуктивен начин. Целта на оваа негова критичка пракса е да се отворат други простори за перцепција.

Демократкиот говор на Мијалковиќ претставува обид за критичко преиспитување на перцепцијата на модерниот човек. Додека зборува за демократија, уметникот се претставува себеси како хероска фигура и вистинска жртва. Тој се поставува себе пред својот двојник кој исто така има одредени улоги на експерт, минувач, водечки наддавач, сведок или демократ.

Неговите експериментални аранжмани се комбинација од различни категории и изнесуваат некои актуални и основни претпоставки надвор од баланс. Перформативниот говор преминува во дијалог со публиката и така делото нема типичен крај.

image002