|
Мирјана Пеитлер-Делаков, родена во Сомбор, Србија, дипломирала на Електротехничкиот Факултет при Универзитетот во Нови Сад (Југославија) и историја на уметноста на Универзитетот Karl Franzens во Грац (Австрија). Од 2008 до 2012 година била главен куратор во medienkunstlabor (mkl) во Kunsthaus во Грац, и директор на GISAlab (Girls in Science&Art Lab). Од 2003 година работи како куратор на kunst.ost и води различни проекти и изложби. Главни полиња на интерес: источноевропската уметност, уметноста во јавниот простор, новите технологии во уметноста и науката. Во моментов работи како менаџер на функционалната безбедност во Renesans Electronics, Дизелдорф. Живее меѓу Дизелдорф и Грац.
|
|
|
Мирослав Кариќ е дипломиран историчар на уметноста од Филозофскиот Факултет на Универзитетот во Белград (2000), а од 2001 година е секретар и куратор вo независното уметничко здружение Ремонт. Кариќ е дел од уредувачкиот тим на Remont Art Magazine, а во периодот од 2004 до 2010 година редовно ја уредувал рубриката за изложби во месечниот културен водич Yellow Cab Belgrade. Последните петнаесет години Кариќ работи професионално како куратор, координатор/организатор и стручњак за односи со јавноста на многу проекти од културата и современата уметност.
|
|