Esperanzalogo1600px
item1b1a1 item1b1a1a item1c item1h2 item1h1b item1h1a2 item1h1a1a item1b1f1a1a1a2
invitationgalusek

Предавање на Лукаш Галусек со јавна дискусија

 

„ Кој се плаши од модернизмот? “

 

 

Почитувани,

Ни претставува особена чест да Ве поканиме на предавањето на познатиот полски архитект и еден од најдобрите познавачи на современата архитектура во Централна и Источна Европа, а со тоа и во Македонија, Лукаш Галусек. Предавањето со наслов „Кој се плаши од модернизмот?“ќе се одржи во клубот ГЕМ во Старата скопска чаршија, на 10 декември, со почеток во 19 часот и ќе биде проследено со јавна дискусија.

“...Со модернизамот имаме проблем. Повоената архитектура се поврзува со еден неправеден систем. Ѝ ги лепиме етикетите на тоталитаризмот и просечноста. Преокупирани со други работи, по 1989 година нѝ исчезна од видното поле. Постоеше, но за нас беше невидлива. Се радувавме кога почна да исчезнува. Денес размислуваме дали не ја оценивме премногу сурово. Учиме за неа од почеток. Соцмодернизмот на некој начин стана модерен. Дискусијата трае и буди емоции. Нашите дилеми за повоената архитектура ќе ги илустрираме со примерите на Катовице и Горна Шлезија....“

Лукаш Галусек – архитект и издавач. Се занимава со културата и уметноста на Средна Европа, особено со врските меѓу просторот, сеќавањето и идентитетот. Коавтор на публикацијата Јоже Плечник – архитект и визионер (Краков 2006) и Романија. Просторот, уметноста, културата (Олшаница 2008), Пограниче. За возродувањето на културата (Вроцлав 2012). Кокуратор на изложбата Картограф на злокобната историја. Тара (фон Нојдорф) во Галеријата на МЦК (2013). Работи во Меѓународниот културен центар во Краков.

Лукаш Галусек има пишувано и за архитектурата на Скопје, неговиот модернизам и најновите зафати во градот.