|
Проектот Од дијаспора до различности беше инспириран од потребата за ново разбирање на дијаспората во контекст на променетиот амбиент на зголемена мобилност, глобализацијата и на различни начини на искусување на културните различности. Во рамки на главната тема на фокусот, проектот беше особено инициран од потребата да се промислат уметничките практики на уметниците од Западен Балкан кои имаат различна дијаспорична позадина и искуства. Тоа би можело да донесе нов увид на дијаспората кој започнува од аргументот дека денес дијаспората во областа на културата има различно значење и форми отколку што беше тоа пред неколку децении. Во контекст на глобализацијата, уметниците, како и другите луѓе во движење, имаат различни мотиви од порано. Тоа е желбата за стекнување нови искуства, личен развој, уживање на културната различност. Во оваа смисла проектот ќе донесе интердисциплинарно истражување на кураторските практики и уметнички портфолија. Ќе се истражуваат модели на управување со разновидноста од регионалните и европските организации. Тоа ќе обезбеди нови теоретска рамка која има за цел да ги инспирира промените во разбирањето и оттаму на различни културни политики. Политики кои ќе значат подобрување на меѓународните кариери, професионален развој, копродукција, престои и други практики на културното номадство.
Нашата цел ќе биде да се види дијаспората како посредник помеѓу различните општества, носители на хибридни плуралност и посредни идентитети. Со проектот ќе се направи влијание врз поширокиот социо-културен и политички план во регионот, а со тоа подобрување на разбирањето, но исто така и на статусот на уметниците, како и зголемување на бројот на културните практики. Со планираната паневропска димензија, ние ќе им дадеме на уметниците од дијаспората трансформативна видливост. Тоа ќе им помогне во нивната видливост како дијалошка културнаа разновидност во новите заедници. Проектот, исто така, би сакал да се постави прашањето, од друга страна, како еден вид на повратна информација: како е прифатена и разбрана културната разноликост на оние кои доаѓаат од "надвор" во "домашната" културна сцена. Можеме ли да кажеме дека интеракција постои, можеме ли да зборуваме за "додадена вредност"?
Партнерски организации
|
|
|