Esperanzalogo1600px
item1b1a1 item1b1a1a item1c item1h2 item1h1b item1h1a2 item1h1a1a item1b1f1a1a1a2
Irena Bekiç-foto by Katerina Duda_smanjena

Меѓу таму и таму: анатомија на привремените миграции

Интердисциплинарен истражувачки, културен, антрополошки и уметнички проект

Ирена Бекиќ, Дуга Maвринац

ИПАК – Истражувачки проекти и авторски концепти, НВО Загреб

irena.ipak@gmail.com; duga.ipak@gmail.com

 

Анатомијата на привремените миграции ги истражува овие миграции како витална алка во дијалогот меѓу културите. Заземајќи активна положба во однос на двојната припадност и живеењето на две адреси, привремените мигранти се потенцијални активатори на практиките на отпор, прилагодување и на општествени промени. Се истражуваат процесите активирани на лично и колективно ниво и често се запоставува или се испушта повикувањето на „земјата од која заминуваат” поради доминантниот нагласок врз различните миграциски политики и методи.

Методолошки, проектот се изградува врз интерференцијата меѓу културната антропологија и современата уметност, доведувајќи ги во прашање практиките и методите и на обете дисциплини и на тој начин отворајќи пат за изградување на знаење кое може да стане медиум/активатор на промени и акција, односно, директна интервенција.

Презентацијата ќе се наврати на прашањето за потенцијалот за изградување на колаборативен метод меѓу антропологијата и уметноста.

Клучни зборови: привремени миграции, културна антропологија, современата уметност, општествено ангажирана уметност, мултилокалност, феминизација на миграција, методологија.

 

Ирена Бекиќ

Ирена Бекиќ дипломирала историја на уметност и комапративна книжевност на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот во Загреб. Преку културните проекти што ги остварува, Ирена Бекиќ го поткопува стандардниот и секојдневен начин на набљудување на феномените и општествените обрасци, истражувајќи различни облици на медијација со публиката. Објавува уметнички критики и есеи. Член е на Хрватското здружение на применети уметници – УЛУПУХ.

 

Дуга Мавринац

Дуга Мавринац е куратор и помлад истражувач. Докторант е по културна антропологија и етнологија на Универзитетот во Загреб, Хрватска. Нејзините тековни истражувачки интереси се сосредоточени врз домашната работа, родот и миграцијата и врз практиките, идеите и моделите на грижата. Член е на меѓународната докторска програма „Трансформациите во европските општества”, заеднички проект на седум европски етнолошки, културни и социо-антрополошки институти и катедри.