Esperanzalogo1600px
item1b1a1 item1b1a1a item1c item1h2 item1h1b item1h1a2 item1h1a1a item1b1f1a1a1a2
DragoslavDedovic

Меѓу раковиот од и мрежата за пеперуги

Драгослав Дедовиќ

Новинар, уредник во Дојче Веле

dragoslav.dedovic@yahoo.de

 

Во неговиот есеј „Меѓу раковиот од и мрежата за пеперуги”, Драгослав Дедовиќ ја разгледува присилната или доброволна промена во ставот на писателот емигрант кон мајчиниот јазик врз примерот на Брехт и Набоков. Во споредба со писателите што никогаш не излегле од својот јазичен контекст, писателите емигранти ги обележува изострено чувство дека постојано ги демне немост. Ова потресно сознание дека, по татковината би можел да ги напушти и јазикот има и една лековитa компонента. Ако писателот не им потклекне на дополнително радикализираните прашања – зошто да пишува и кој е адресатот - тој ќе го запише само она што е од суштествена важност за него. На кој и да е јазик.

Клучни зборови: мајчин јазик, литература во егзил, писатели-емигранти

 

Драгослав Дедовиќ

Драгослав Дедовиќ (1963) е роден во Земун, Србија. Пораснал во Босна каде што студирал новинарство на Универзитетот во Сараево, а потоа работел како новинар за разни медиуми и како уредник на издавачка куќа во Тузла. Јавно ѝ се спротиставувал на војната и на употребата на сила во споровите меѓу југословенските народи и во 1992 година, а кога избувна војната во Босна, тој емигрира на Запад. Магистрирал на Универзитетот во Ахен во Германија и во моментов е уредник во Дојче Веле (германска меѓународна агенција за вести) живеејќи и работејќи меѓу Бон и Келн. Тој е уредник на книгата со избрани босански раскази со наслов Евакуација (1999). А ги објавил и следните изданија поезија: Да излеземе по полињата (1988); Циркусот Европа (1990); За благородните убијци и изнајмените хуманисти (1997 двојазично издание на германски и српски); Кафеанчето Суматра (2005); Буда од Динарскиот Масив (2008); За пијано и диџериду (2010, одбрани и нови песни); Gloria Mundi (2013); Сјаење (2013); Внатрешниот Исток (2015).