Esperanzalogo1600px
item1b1a1 item1b1a1a item1c item1h2 item1h1b item1h1a2 item1h1a1a item1b1f1a1a1a2
logodiasporav2

Партнерски организации

logodiasporav1

Проектот се реализира со подршка на Балканскиот фонд за уметност и култура/Balkans Arts and Culture Fund и од програмата за подршка на граѓанското општество Цивика Мобилитас, како и од регионалната платформа за култура Кооператива. Балканскиот фонд за уметност и култура/Balkans Arts and Culture Fund се финансира од Швајцарската влада преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и од Европската културна фондација. (ECF).  Цивика Мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат НИРАС, МЦМС и СИПУ. Мислењата кои се овде изразени не нужно ги одразуваат ставовите на Цивика Мобилитс, СДЦ, ЕЦФ, или пак спроведувачките организации.

Проектот „Од дијаспора до различности“ го реализира ЗГ Есперанца-Светски културен центар во соработка со Ремонт - независна уметничка асоцијација од Белград, Кунст ост од Грац и европската мрежа на менаџери во културата Оракл од Брисел. Партнер на изложбата е Институтот за современа уметност од Загреб. Проектот се занимава со редефинирање на поимот дијаспора во поширокиот современ контекст на глобализацијата, мобилноста, културниот номадизам и другите видови искуства на привремени и трајни изместувања од т.н. матични средини. Исто така, го истражува и значењето на културните разлики како и проблемите на интеграција во новите општествени околности.

Здружението на граѓани Есперанца - Светски културен центар дејствува во сферата на културата, неформалното образование, општествена интеграција и граѓанскиот активизам. Наша мисија е да дејствуваме како катализатори и поттикнувачи на процесите во светската култура, за да внесеме визија, свест, етика и правичност во хаотичните процеси, да создадеме поредоци на креација, смисла и надеж во идниот развој на планетата Земја, да внесеме динамика во разбирањето на различните светски култури, да создадеме јадра на просветлување и јазли на отпор против монокултурата, национализмот, доминацијата, исклучувањето.

Здружението на граѓани Есперанца - Светски културен центар дејствува низ три главни програмски столба:

а) културна едукација преку методите на неформалното и доживотното образование,

б) граѓански активизам преку уметноста и културните акции,

в) менаџмент на културни настани и уметнички проекти со меѓународна димензија.

 

Ремонт – Независна уметничка асоцијација (основана во 1999 година) е организација која што ги собира оние што делуваат во современите уметности од сите возрасти и со особена сосредоточеност врз генерациите што доаѓаат. Преку изложби, издаваштво, образовни програми, советувања и активности за информирање и поддршка, Ремонт создава, документира и промовира развивање на иновативни уметнички практики, регионална и меѓународна соработка, децентрализација на културната сцена во Србија, а исто така предлага и решенија за културните и други јавни политики кои се поврзани со оваа област.

Една од главните намери на здружението kunst.ost е да ги направи видливи постоечките сличности и различности во развој на општеството и политиката, да им даде релевантност на овие прашања во јавноста и да ги натера луѓето со различни културни и политички искуства да проговорат во јавноста со применување на различни уметнички и културни практики.

Институтот за современа уметност во Загреб е организација основана во 1998 година, како наследник на SCCA Загреб, основана во 1993 година. Од 2011 година наваму, Институтот води галерија и центар за истражување и документација. Институтот ја основа и наградата Радослав Путар за најдобар млад уметник во 2002 гoдина и е член на Young Visual Artists Award и на мрежата Continental Breakfast. Јавните програми на Институтот имаат за цел да ја промовираат креативноста на полињата на визуелните уметности во Хрватска и на локалните и меѓународните уметнички сцени во соседните региони преку излагачки програми, образовни и истражувачки програми, како и други придружни јавни програми кои ја зголемуваат видливоста на уметниците и преку публикации и образовни и истражувачки програми водени во соработка со локални и меѓународни партнери.

Оракл е мрежа на европски културни менаџери, кои се фокусирани на проекти со европската димензија и кои се на мислење дека интеркултурната соработка е од голема важност во модерна Европа, особено во контекст на Европската унија како политичка конструкција. Но клучна разлика во однос на други европски културни мрежи е тоа што членовите на Оракл, не се здруженија, но поединци. Оракл е динамична мрежа обликувана од импулсите и придонесите на своите членови. Многу различни мотивации се белег на посебната живост на оваа мрежа. Двете најголеми наведените причини за учество се "комуникација" и "информации".

Институтот за современа уметност во Загреб е организација основана во 1998 година, како наследник на SCCA Загреб, основана во 1993 година. Од 2011 година наваму, Институтот води галерија и центар за истражување и документација. Институтот ја основа и наградата Радослав Путар за најдобар млад уметник во 2002 гoдина и е член на Young Visual Artists Award и на мрежата Continental Breakfast.Јавните програми на Институтот имаат за цел да ја промовираат креативноста на полињата на визуелните уметности во Хрватска и на локалните и меѓународните уметнички сцени во соседните региони преку излагачки програми, образовни и истражувачки програми, како и други придружни јавни програми кои ја зголемуваат видливоста на уметниците и преку публикации и образовни и истражуваќки програми водени во соработка со локални и меѓународни партнери.

 

Координатори на проектот

BAClogonegativecolor
SDCRGBhochpos
ECFLogoSmallFullColor
CivicaLogooriginal