Esperanzalogo1600px
item1b1a1 item1b1a1a item1c item1h2 item1h1b item1h1a2 item1h1a1a item1b1f1a1a1a2
logodiasporav2

Координатори на проектот

logodiasporav1

Проектот се реализира со подршка на Балканскиот фонд за уметност и култура/Balkans Arts and Culture Fund и од програмата за подршка на граѓанското општество Цивика Мобилитас, како и од регионалната платформа за култура Кооператива. Балканскиот фонд за уметност и култура/Balkans Arts and Culture Fund се финансира од Швајцарската влада преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и од Европската културна фондација. (ECF).  Цивика Мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат НИРАС, МЦМС и СИПУ. Мислењата кои се овде изразени не нужно ги одразуваат ставовите на Цивика Мобилитс, СДЦ, ЕЦФ, или пак спроведувачките организации.

Robert2

Роберт Алаѓозовски (1973) е самостоен истражувач, писател, критичар и есеист. Докторанд од областа на културниот менаџмент на Економскиот факултет при Универзитетот во Скопје. Сопственик на издавачката куќа Готен. Магистер е на компаративна литература на скопскиот универзитет. Автор е на четири книги и на преку педесет теориски и есеистички статии и студии од областа на книжевноста, филмот, културната политика. Бил претседател на Оракл мрежата на европски менаџери во културата со седиште во Брисел во максималните три мандатиод 2005 до 2014 година. Асистент е на Европската диплома за управување на проекти од културата на Асоцијацијата Марсел Хиктер од Брисел. Член е на друштвото на Независни писатели на Македонија. Уредник е во списанието Сараевски тетратки. Бил вклучен во многу проекти од областа на културата и младите: за културна децентрализација, интеркултурализам, регионална и меѓународна соработка. Има преведено неколку важни книги од англиски и српско-хрватски.

BAClogonegativecolor
kDarkaRadosavljevic

Дарка Радосављевиќ Васиљевиќ, историчарка на уметноста и водач на Ремонт – независна уметничка асоцијација (www.remont.net)од 1999 година. Ја почнала својата кариера во СКЦ Белград (1985) и подоцна станала уредник на уметничката рубрика на списанието Беорама (1987-89). Од 1990-99 ја водела радио емисијата Блок за цртање на радиото Б92. Од 1992-99 работела како уредник на редакцијата за култура на радиото Б92. Во 1994 година го отворила Cinema REX (основано од Б92) и работела како негов уметнички директор до 1999 година. Таа е автор на многу проекти од областанакултурата и уметнички директор на неколку меѓународни културни фестивали, како Октомврискиот Салон (2005), БЕЛЕФ (2007).

SDCRGBhochpos
ECFLogoSmallFullColor

Мирјана Пеитлер-Делаков, родена во Сомбор, Србија, дипломирала на Електротехничкиот Факултет при Универзитетот во Нови Сад (Југославија) и историја на уметноста на Универзитетот Karl Franzens во Грац (Австрија). Од 2008 до 2012 година била главен куратор во medienkunstlabor (mkl) во Kunsthaus во Грац, и директор на GISAlab (Girls in Science&Art Lab). Од 2003 година работи како куратор на kunst.ost и води различни проекти и изложби. Главни полиња на интерес: источноевропската уметност, уметноста во јавниот простор, новите технологии во уметноста и науката. Во моментов работи како менаџер на функционалната безбедност во Renesans Electronics, Дизелдорф. Живее меѓу Дизелдорф и Грац.

kMirjanapeitler
CivicaLogooriginal

Мирослав Кариќ е дипломиран историчар на уметноста од Филозофскиот Факултет на Универзитетот во Белград (2000), а од 2001 година е секретар и куратор вo независното уметничко здружение Ремонт. Кариќ е дел од уредувачкиот тим на Remont Art Magazine, а во периодот од 2004 до 2010 година редовно ја уредувал рубриката за изложби во месечниот културен водич Yellow Cab Belgrade. Последните петнаесет години Кариќ работи професионално како куратор, координатор/организатор и стручњак за односи со јавноста на многу проекти од културата и современата уметност.

kMiroslavKaricphoto
kjanka

Јанка Вукмир живее и работи во Загреб како многу активен историчар на уметноста на полето на современата уметност. Работела куратор и член на жирија и е меѓународно објавуван автор. Работејќи во непрофитниот сектор повеќе од 20 години, Вукмир исто така се занимава и со организација, наоѓање финансии и изградување на капацитетите и способностите за раководење, посетувајќи многу семинари на овие теми. Таа била и помошник директор и директор на SCCA Загреб и е ко-основач и претседател на Инсититутот за современа уметност.